Како што соопшти УХМР, постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.