вторник, 22 октомври 2024

Од утре и фирмите ќе плаќаат патарини преку интернет на автопатите во Македонија и Србија

Објавено на

часот

Сподели

„Заедничкиот таг меѓу Србија и Северна Македонија се покажа како одличен потег, за што најдобро говори фактот што речиси 20.000 луѓе во Србија ја искористија можноста да патуваат низ двете земји со еден таг“, истакна Весиќ, а пренесе МИА.

Тој, како што соопшти ресорното министерство, додаде дека компаниите со заедничкиот таг ќе го забрзаат протокот на стоки и услуги и појасни дека можноста за користење на заедничкиот таг ќе важи за сите правни лица кои сакаат да станат нови корисници, како и за постоечките корисници на припејд системот и за оние кои имаат договор со ЈП „Патишта Србија“, како овластен дистрибутер за електронска наплата на патарина во постпејд системот.

Весиќ рече дека сите правни субјекти треба да ги проверат дневните лимити на платежните картички пред да станат корисници на веб-платформата, за да се уверат дека се во рамки на нивното планирано дневно трошење.

Македонија и Србија од 1 јули годинава применуваат заеднички систем за наплата на патарина со еден „таг“.  Наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ