среда, 18 декември 2024

Oд утре Градски паркинг – Скопје ќе наплаќа зонско паркирање до 23 часот навечер

Од утре, сабота, паркирањето во зоните на Градски паркинг ќе се наплаќа до 23 часот, а не како во изминатите месеци до 21 часот.

Фото: Градски паркинг

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на претпријатието Градски паркинг- Скопје се вели дека од утре, 1 јуни, започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање.

Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до сабота наместо од 7 до 21 часот од утре ќе биде од 7 до 23 часот, додека во зоната Д останува како и досега во истиот временски интервал до 23 часот

„Апелираме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“, се вели во сооппштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ