сабота, 27 јули 2024

Од утре до понеделник дел од градските паркинзи ќе бидат бесплатни

Објавено на

часот

Сподели

В сабота јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“ и „Дом на печат“ ќе бидат слободни за паркирање. Тутунски комбинат и ЗОИЛ ќе работат со работно време од 07 до 14 часот, додека „8 Септември“, „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – зоните А,Б и Ц ќе бидат со редовно работно време од 7 до 14 часот, а зона Д од 07 до 23 часот.

В недела јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – зони А, Б и Ц нема да работат.

В понеделник јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – зони А, Б и Ц, нема да работат.

Јавната површина наменета за паркирање – Зона А0 Водно в сабота, недела и понеделник ќе работи со редовно работно време од 8 до 16 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ