сабота, 27 јули 2024

Од Турција преку Холандија, Еуроникел доби нов сопственик, работниците треба да се вратат на работа

Склучен е договор за продажба на фабриката на „Еуроникел индустри“.  Се очекува поранешните вработени да се вратат на работа, а повторно да се активираат и сите компании што се директни добавувачи на фабриката, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Објавено на

часот

Сподели

„На 22 март година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел индустри од страна на Комерцијална банка АД Скопје со компанијата Полиникел Холдинг БВ, дел од групацијата Јилдрим груп, а преку новоформираната компанија Дабл игл“, соопштија од градоначалничкиот Кабинет.

Притоа се нагласува дека Општина Кавадарци и Комерцијална банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред сѐ ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании  кои се директни добавувачи на фабриката.

„Општина Кавадарци со градоначалникот Митко Јанчев и Комерцијална банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел индустри, да се обештетат вработените и сите останати доверители“, се вели во информацијата од кабинетот на Јанчев. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ