сабота, 27 јули 2024
Хрватскиот премиер по разговорите во македонската Влада

Од срце ви помагаме за некоја година да станете членка на ЕУ, рече Пленковиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Јас сум еден од оние актери кои што го следи европскиот пат на Северна Македонија со години ио кој знае дека на состанокот на врвот во Загреб пред 23 години го парафиравте Договорот за стабилизација и асиоцијација уште пред тоа да го направи Хрватска. Оттогаш наваму направивте голем број реформи, бевте неоправдано спречувани на тој европски пат. Така што, се трудевме од земја која што го заврши процесот на интеграција во 2013 година и која за два и пол  месеца ќе одбележи 10 години од тоа членство, се обидуваме да ги решиме тие пречки“, рече Пленковиќ.

Тој потсети дека кога Хрвтаска претседаваше со ЕУ, беше донесена новата методологија за преговори и беше донесена одлуката да се отпочнат преговорите со Македонија и Албанија.

„Сега сме во фаза тие финални процеси да ги забрзаме, тој пат да добие своја динамика и во контекст на давање на статусот кандидат на Молдавија и Украина, условниот на Грузија, и какндидсатскиот статус на БиХ, сега Северна Македонија може да го забрза тој процес. Хрватска во тој процес ќе помогне. Еден од начините е и делегирањето на Владимир Дробњак кој беше главниот преговарач за Хрватска да му помогне и на министерот и на целата ваша Влада и тоа е најдобра манифестација на соработка и на вистински потези во вистинско време. И затоа сега е тоа време да потегнат вистинските потези, да се направат старешки одлуки кои што ќе водат до стратегиски исчекори по бројните потези кои што веќе се зад вас“, порача Пленковиќ.

Ковачевски, пак, истакна дека Владата ќе продолжи засилено да работи во насока на продолжување и проширување на соработката со Хрватска со која посочи дека не поврзува не само заедничкото минато во поранешна Југославија туку и желба за подобра заедничка иднина во ЕУ. Нашите две држави, рече, немаат отворени прашања, во континуитет се трасираат нови правци за меѓусебна соработка. За одличните билатерални односи, рече тој, говорат дури 44 склучени билатерални договори, при што во фаза на иницијатива се уште 15 други договори, а најинтензивна е соработката во делот на евроинтегарциите

„Хрватската е меѓу најгласните и најконзистентните подржувачи за нашата европска интеграциија. За тоа говорат делата, а не само зборовите, меѓу кои се и одлуките за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија донесена токму во времето на претседавањето на Хрватска во првата половина на 2020 година, во вонредни околности на пандемија од ковид-19. Нивниот поранешен главен преговарач со ЕУ кој денес е наш главен советник на нашиот главен преговарач чие искуство е од непроценливо значење за нас, и тоа е дел од мозаикот што имаме ислклучително успешен скрининиг процес“, рече Ковцачевски.

Тој посочи дека иако тоа е вообичаено за претседатели на држави, премиерот Пленковиќ ќе се обрати и во Собранието, а најави и одржување на заедничка седница на двете влади.

Пленковиќ за време на официјална посета на земјава ќе оствари средби од шефот на државата Стево Пендаровски и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.

                                                                                                                                 Фото: Влада

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ