четврток, 26 декември 2024

Од први јануари нов скијачки центар во Македонија – Михајлово на Кожуф

На планината Кожуф на 1 јануари ќе биде отворен скијачкиот центар Михајлово, Општина Кавадарци, соопшти кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Објавено на

часот

Сподели

Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ги пречека посетителите- додадоа во соопштението. Покрај природниот снег кој изминативе денови, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови.

Од кабинетот нагласуваат дека овој проект ѝ донесува на Македонија современ скијачки центар, сместен во срцето на Кожуф планина.

Во пресрет на отворањето, зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци активно работи на расчистување на патиштата. Со четири возила се чистат правците кон селата Страгово, Бохула, Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел да се обезбеди безбедно движење на сите кои патуваат кон овој регион.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во чисти патишта и совршени зимски услови за скијање на Кожуф планина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ