На теротиријата на општините Ресени и Охрид пожари има на Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Таму попладнево се дејствува и од воздух со еден полициски хеликоптер на ресенска страна и со три ер–трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и на Германија на охридската страна. Од земја се ангажирани120 лица, а гори нискостеблеста вегетација и букова шума, велат од ЦУК.
Во кичевскиот крај избувна пожар, а гори мешана шума кај селото Цер на планината Лубин.
Во Општина Берово, кај месноста Клепало над браната на Ратевска Река попладнево од од удар на гром е предизвикан пожар во борова шума.
Во Општина Крива паланка кај селото Луке, во месноста Чупино Брдо од удар на гром се запали мешана шума, а пожарот преминал и на територија на Србија.
Од МВР велат дека хеликоптерот ми-171 од Одделот за воздухопловни единици, дејствувал врз три пожари и тоа во реонот на Јасен, Дупјани-Кичевско и Галичица и дека во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода.
Утрово ЦУК јави дека во Македонија беа активни 12 пожари, меѓу кои и натаму е активен „монструм“ пожарот кај резерватот Јасен, во кој регион огнот дивее 26 дена. Седум пожари беа под контрола.