сабота, 27 јули 2024

Од понеделник систем за наплата на паркинг во Ист гејт мол

Во трговскиот центар Ист гејт мол од понеделник почнува да работи системот за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата и тоа на следните локации:
ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север), на ниво – 1 излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север).

На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.

Бесплатно паркирање до 3 часа ќе имаат сите купувачи на супермаркетот Тинекс со фискална сметка над 999 денари, фитнес центарот Palestra, пералната за коли Car Wash и авто центарот Motocentar со валидација на билетот во нивните продажни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ