сабота, 21 декември 2024

Oд полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 % во однос на одлуката од 10 октомври.

Објавено на

часот

Сподели

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажните цена на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин еуросупер БС – 95 78,00 (денари/литар);
моторен бензин еуросупер – 98 80,00 (денари/литар);
дизел гориво еуродизел (Д-Е V) 70,50 (денари/литар);
масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар);
мазут М-1 НС 44,507 (денари/килограм).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ