вторник, 22 октомври 2024

Од полноќ поскапуваат бензините за еден денар

Објавено на

часот

Сподели

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 84,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 72,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домажинство 71,5 денари за литар. 

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,29 денари за килограм и ќе изнесува 41 денар за килограм.

Зголемувањето на цените, како што појаснуваат од РКЕ, се должи на порастот на цените на нафтените деривати на светските берзи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ