сабота, 27 јули 2024

Од полноќ мало поевтинување на горивата, мазутот поскапува

Од вечерва по полноќ дизел горивото ќе поевтини за 1 денар, додека бензинот од 98 октоани за половина денар од литар.  Цената на Еуросупер 95 останува иста. Мазутот посапува.

Објавено на

часот

Сподели

Малопродажна цена на ЕУ БС – 95  изнесува 77 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 79, Еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика – РКЕ за 0,281 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,517 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,355 отсто, кај дизелот за 2,341, а кај екстра лесното масло за 2,138 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,219 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ