недела, 21 април 2024

Од петок, Собранието ќе одржува седници само во итни случаи

Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи во четврток, на 28 март. На дневен ред на оваа пленарна седница се пет точки. Од нив три се закони и две барања за автентично толкување на два закони.

Објавено на

часот

Сподели

Претстојните изборни циклуси се редовни, а Собранието останува функционално и при некаква итна потреба може да закаже седница.

Овој парламентарен состав се случи да работи  во услови на ковид пандемијата, кога имаше ограничување и други посебни услови за работа. Парламентарните владејачки партии овој парламентарен состав го оценуваат како успешен, а за опозицијата „четири години фрлени во вода“.

Координаторот на пратеничката група на на ДУИ, Арбер Адеми, работата на овој мандат на Собранието го оценува како успешен во кој, како што рече, биле донесени важни закони за граѓаните.

„Ова што се случуваше во овој мандат, не се случуваше претходно. Нормалното функционирање стана исклучок и тоа по вина на опозицијата по опструкциите и кршење на сите деловнички одредби за нормално функционирање на Собранието. Речиси за стотина закони воопшто не е свикана седница, особено во комисиите предводени од страна на опозицијата. На тој начин им се оневозможило на пратениците да дискутираат воопшто, а камоли да одлучуваат по тие предлог-закони. Сметаме дека е успешен мандат. Гледано и од перспективата на ДУИ главните приоритети и ветувања се реализирани, почнувајќи од тоа премиерот да биде од редовите на ДУИ, потоа Коридорот 8, сето тоа поминало со предлог-закони кои беа разгледани во Собранието, па деветтиот пакет антикризни мерки за поддршка на граѓаните, фирмите, покачувањето на платите. Тоа што сме го ветиле пред граѓаните, се изреализирани. Сме реализирале и доста други проекти“, рече тој.

Адеми потенцира дека во овој парламентарен состав остануваат и многу важни зкаони кои не биле разгледани.

„За жал, има закони кои воопшто не се разгледани – еден од нив е поврзано со вас вработените во медиумите за ослободување од придонесите и тоа да се смета како вид на плата. Бевме спремни да поднесеме амандман за да имаме што помотивирани вработени во медиумите, но за жал не е свикана таа седница и ред други седници. Комисијата за надворешни работи воопшто нема свикано седница за Законот за рестриктивни мерки. Без ниту една причина не се свикани седници. Законите поврзани со администрацијата мислам дека треба да се донесат, но не знам дали ќе се донесат бидејќи имаме уште една седница“, рече пратеникот Адеми.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, работата на овој парламентарен состав ја оцени како четири години фрлени во вода, недонесени закони кои се во интерес на граѓаните, меѓутоа многу склучени бизнис интерес закони, кои како што вели, кои власта ги бараше.

Тој својот став за работата на овој парламентарен состав го подели во три дела.

„Првиот дел, а тоа е малото мнозинство кое континуирано го имаше власта во Собранието за кое што се правеа непринципиелни отстапки и договори на дневна основа за функционирање како-така се со една цел останување на оваа власт на оваа владејачко мнозинство. Вториот дел од дискусијата би го посветил на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која во овој мандат покажа една цврстина и големина различна досега во сите мандантни состави, односно иако имаше многу разговори што би можело да се случи пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остана кохерентна на сите предизвици и притисоци кои што се случуваа во овој мандат. Покажа една големина во демократијата и пред македонската јавност дека политичарите во еден мандатен состав можат да останат на истото место од каде што ја почнале целата патека, односно не да зборуваат едно во изборен период и во тек на мандатен состав да менуваат страни и дресови. И третиот дел – сметам дека она што беа клучни работи кои што требаа да се изработат во Собранието не беа изработени, за разлика од предметно интересните закони кои беа дел од владејачкиот дил. Зошто го велам ова? Во Собранието не беа разгледани интерпелациите на носители на функции од типот на Талат Џафери, Бојан Маричиќ, интерпелации потребни да се разгледаат во одреден временски период. Тие беа изоставени, тргнати настрана и не беа разгледани“, рече праеникот Мицевски.

Мицевски потенцира дека во Собранието не биле разгледани информации поднесени од опозицијата за сообраќајната несреќа во Ласкарци, за состојбите и причините за пожарот во модуларна болница во Тетово и многу други битни законски решенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ