сабота, 27 јули 2024

Од овој месец роамингот со земјите од ЕУ е за 30 отсто поевтин, а по 5 години цените ќе се изедначат

Македонските граѓани од овој месец  имаат за 30 проценти поевтин роаминг со земјите од ЕУ, потсети денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Тој додаде дека во 2026 година ќе има ново намалување на цените за 30 отсто, а во 2028 цените треба да се изедначат.

Објавено на

часот

Сподели

„Од 1 октомври веќе стапи во сила договорот помеѓу операторите на ЕУ и операторите во Западен Балкан за намалување на цените на роаминг податоците во склоп на процесите во ЕУ. Тоа значи дека нашите граѓани и бизнисот кога ќе одат надвор веќе имаат 30 проценти помали трошоци за роаминг и обратно, значи граѓаните или бизнисите од ЕУ ќе имаат 30 проценти намалени трошоци за роаминг“, рече министерот Алиу кој одржа брифинг со медиумите.  

Прашан конкретно што би значело тоа во однос на цените, Алиу рече дека тие се во надлежност на операторите. 

„Конкретно, најверојатно операторите очекуваме овие денови да излезат со понуди, со пакети во коишто ќе ги имаат, ќе ги понудат (цените), бидејќи договорот е помеѓу операторите на ЕУ и операторите на Западен Балкан, рече министерот Алиу.  

Тој нагласи дека се дефинирани и активности за натамошно постепено намалување на цените за роамингот и тоа во 2026 година  ќе има исто така намалување за 30 проценти, а се очекува во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги коишто ги има на домашен пазар.

„Тоа значи дека во 2028 година истите цени ќе ги имаме како внатре така и надвор од државата, вели министерот за информатичко општество и администрација.  

На новинарско прашање Алиу посочи дека сите оператори се согласиле да ги намалат цените и оти од операторите зависи како ќе комуницираат со граѓаните и дали ќе информираат преку кампањи, бидејќи станува збор за приватен сектор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ