Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 79 денари за литари.
Новата цена на дизелот ќе биде 68,5 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 68 ден/лит. Се намалува и цената на Мазутот за 0,639 денари за килограм кој сега ќе се продава по цена од 42,573 денари за килограм.
Од РКЕ информираат дека со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 проценти во однос на претходно донесената одлука.