вторник, 23 април 2024

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат нафтените деривати

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) дизелот ќе поевтини за три, а бензините за 2,5 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Еуродизелот (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на екстра лесното масло за домаќинство 82, еуросупер БС-95 ќе се продава за 81, а еуросупер БС-98 за 83 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,08 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ