Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 23 декември 2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат, моторен бензин Еуросупер БС – 95 76,50 денари за литар, моторен бензин Еуросупер БС – 98 78,50, дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,00, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 и Мазут М-1 НС 41,937 денари за килограм. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,017 денари закилограм и сега ќе изнесува 41,9 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек, кај бензините за 4,5 отсто кај дизелот за 5,3 отсто, кај екстра лесното масло за 5,3 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 4,7 отсто.