сабота, 27 јули 2024

Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата, одлучи РКЕ

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,7 отсто.

Објавено на

часот

Сподели

Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 78,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 74, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,5 денари.

Од РКЕ посочуваат дека  референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 6,3 отсто, кај дизелот за 5,5, кај екстра лесното масло за 5,7 и кај мазутот за 5,9 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,1 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ