сабота, 27 јули 2024

Од ноќеска на полноќ дизелот поевтин за денар, цените на другите горива остануваат исти

Објавено на

часот

Сподели

Согласно новата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар, еуросупер БС-95 по цена од 80 денари за литар, а еуросупер БС-98 по цена од 82 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува 69 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,022 денари за килограм и сега ќе изнесува 41 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,2 проценти, кај дизелот во просек за 3,1 проценти и кај екстра лесното масло во просек за 0,202 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,38 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ