сабота, 27 јули 2024

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат, дизелот со старата цена

Бензинот еуроспуер БС-95 од ноќеска на полноќ  поевтинува за 2,5 денари, а еуросупер БС-98 за три денари, а нема промени на цените на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Според одлуката на РКЕ, литар еуросупер БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини еуросупер БС – 98. Цената на  еуродизел БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар, а на маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари. 

За 1,69 денари се намалува и цената на мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 46,9 денари. 

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 2 октомври годинава. 

РКЕ информира дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек, кај бензините за 6,2 проценти, кај дизелот за 1,2 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 1,3 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 4,99 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ