четврток, 24 октомври 2024

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Објавено на

часот

Сподели

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 85 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 87, еуродизел (Д-Е V) за 79,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 79 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,76 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,791 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,4 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,7, кај екстра лесното масло за 2,06 и кај мазутот зголемување за 1,5 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ