сабота, 27 јули 2024

Од невремето се урна потпорен ѕид во скопска Пинтија

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Град Скопје, екипите на ЈП Улици и патишта – Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.

Се огласи и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој соопшти дека веднаш после пријавите од сограѓани излегле на терен, а мобилизирани се и екипите на јавните претпријатија на градот Скопје со цел заеднички да се превенира уште поголема катастрофа.

„ Првично ќе се делува на заштита на населението кое транзитира тука, односно ќе се затвори еден дел од булеварот, а потоа веднаш почнуваме со расчистување и санација на ѕидот.

Во наредните денови, сето ова ќе биде вратено не во првобитната состојба, туку во уште подобрена за да не ни се случуваат повеќе вакви работи и да го нарушуваат мирот, но и безбедноста на граѓаните.

Тука сакам да истакнам и дека, во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, со цел да утврдиме дали можат да одговорат на временските неприлики кои и понатаму ќе се случуваат но и онаму каде што има потреба од дополнителни зафати да делуваме, затоа што безбедноста на моите сограѓани е приоритет.

 Покрај тоа, сакам да најавам дека во наредниот период е бидат извршени детални контроли од инспекциските служби за квалитетот на изградба на потпорните ѕидови и на приватните парцели, особено онаму каде што теренот е стрмен.

Таму каде што ќе биде утврдено дека се направиле недостатоци при градењето од различни причини, во наредниот период ќе прецизираме како ќе постапиме.

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди, но можеме да делуваме во иднина да не ни се случуваат вакви или поголеми штети, или не дај Боже – трагедии“, пишува во соопштението од Ѓорѓиевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ