среда, 23 октомври 2024
Државен завод за статистика

Од насилна смрт лани умреле повеќе мажи

Објавено на

часот

Сподели

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78.6 %, самоубиствата со 20.2 % и убиствата со 1.2 %.

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55.1 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација (ротација на цревото ја стопира локалната циркулација) и суфокација (гушење, загушеност…), со учество од 12.3 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0.8 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ