Четворица пожарникари кои се бореа со пожарот беа пренесени во болница како последица од вдишување на чадот.
Од Здравствениот дом во Тетово известуваат дека жителите на градот засега не пријавиле никакви симптоми од загадениот воздух.
И овој пожар го отвори прашањето за несоодветната опременост на пожарникарите во Македонија. Освен возила и други технички помагала, овојпат беше очигледна несоодветаната опременост со лична заштитна опрема (ППЕ) за пожари на хемикалии.
„Без каква било респираторна заштита, тетовските пожарникари се изложени на чад на овој простор околу дваесет и четири часа. Имаме одговорност да ја подобриме безбедносната опрема што ја користат оние кои не само што ги чуваат животите и здравјето на луѓето, туку и имотот на членовите на заедницата“, изјави Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.
Министерката за заштита на животна средина Каја Шукова вели дека немаме и техника и автоматизиран систем за следење за одредување на нивоата на неоргански испарливи соединенија, како што е состојбата во Тетовско. Според неа, во овој момент се чекаат наодите од Институтот за јавно здравје за водните патишта и почвите во овој регион.
Реагираа и еколошките активисти кои побараа државата и инспекторите да спроведат поголема контрола на бизнисите кои работат со запаливи хемикалии и доколку има потреба да се спроведат законски измени.