од ЈП Паркиралишта, задолжено за одржување на уличното осветлување, информираат дека заради приклучување на диви потрошувачи на трафостаницата наречена Олимписко село без осветлување е улицата Бетовенова во Турското маало, а уште шест улици во градот се без светло откако изгоре броилото поради насилно влегување трафостаницата наречена Маларична.
Од претпријатието апелираат до граѓаните, дека лицата кои на диво се приклучуваат на столбовите за улично осветлување и намерно предизвикуваат штети дека прават кривично дело и дека ќе се преземат чекори за нивно откривање и изрекување соодветни казни.
Се најавува дека проблемот со немањето улично осветлување денеска ќе биде решен со поставување на ново електрично броило од страна на ЕВН.