понеделник, 21 октомври 2024

Од кабинетот на Сиљановска за поставувањето на Лафчиски: Претседателката секогаш се води од Уставот и законите

При спроведувањето на своите надлежности претседателката Гордана Сиљановска Давкова секогаш се води од Уставот и законите. Така е и при поставувањето на новиот началник на генералштабот на армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој е поставен на должноста согласно позитивните законски прописи.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е одговорот од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова на прашањето на МКД.мк за забелешките на поставувањето на новиот началник на Генералштабот на АРМ. Прашањето беше според кои критериуми најмладиот генерал кој е вонредно унапреден стана началник на ГШ на АРМ прескокнувајќи дури шест генерали: Азим Нуредин (од 2015 бригаден генерал2018 – генерал мајор), Мирче Ѓоргоски (од 2015 бригаден генерал), Орце Јордев (од 2016 бригаден генерал), Методи Хаџијанев (од 2018 бригаден генерал), Симеон Трајковски (од 2020 бригаден генерал), Бесник Емини (од 2020 бригаден генерал) и Сашко Лафчиски (од 2022 бригаден генерал и од 2024 генерал мајор).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ