петок, 10 јануари 2025

Од кабинетот на Гаши појаснуваат дека по интерпелацијата нема обврска Даути да биде разрешена

Откако попладнево со 61 глас „за“ беше прифатена интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути, од Кабинетот на претседателот на Собранието испратија соопштение во кое се нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата, велат од кабинетот, се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот.

Објавено на

часот

Сподели

„Собранието на Република Северна Македонија денеска одржа пленарна седница на која се разгледуваше интерпелацијата за работата на пратеничката Илире Даути, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Седницата се одржа во потполна согласност со Уставот на Република Северна Македонија, Деловникот на Собранието и постоечките закони. Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ