сабота, 27 јули 2024
Реакција

Од Ист гејт мол жалат за вчерашното пукање и порачуваат дека безбедноста на граѓаните им е најважна

„Слободното движење и безбедноста на секој што работи и нè посетува, за нас се најважни и за ова да го оствариме, постојано ги преземаме сите мерки што ги имаме на располагање“, се наведува во денешното соопштение на скопскиот трговски центар Ист гејт мол. Вчера во овој мол беше пукано кон Раде Трајковски Штекли и уште едно лице. Кон него, на истото место беше пукано и на 25 август годинава, но не беше погоден.

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со инцидентот, што вчера во попладневните часови се случи во подземните нивоа на трговскиот центар, како што се посочува во соопштението, компанијата е во комуникација со надлежните органи и соработува за што побрзо да се расветли случајот.

„Целосно ја разбираме загриженоста на вработените и на посетителите и жалиме за непријатната ситуација во која што дел од нив се најдоа. Нашиот мол работи според највисоките стандарди и при секојдневното функционирање се почитуваат сите прописи за безбедност. За сигурноста на сите лица ги применуваме сите мерки што според законите ги имаме на располагање. На овој план имаме редовна соработка со надлежните органи. Овие принципи на работа ќе продолжиме да ги применуваме и ќе вложиме максимални напори, истите во иднина да бидат уште подобри и поефикасни“, се истакнува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ