петок, 27 декември 2024

Од февруари во Скопје започнува тестирање на системот за споделување електрични возила

Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-процентен електричен кар-шеринг, односно систем за споделување електрични возила, на словенечката приватна компанија „Авант кар“ денеска потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија  во систем за заедничко користење на возила, а се предвидува проектот да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија. Неговата тест фаза ќе почне во февруари, а во март ќе може да се почне со целосната услуга. За користење на услугата ќе биде неопходна мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно електрично возило, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка. За изнајмувањето електрична возило ќе се плаќа по минута и изминат километар. Во февруари ќе се знае колку ќе чини изнајмувањето, но како што вели сопственикот на „Авант кар“, Матеј Чер е пониско од користењето на такси услуга и во просек ќе биде од три до шест евра, а од центарот на градот до Скопскиот аеродром ќе чини од 10 до 15 евра.  Како што најави Чер, веќе се подготвени 100-тина електрични возила за Скопје.

Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот-општини каде ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила, а полначите според министерката Божиновска ќе се напојуваат исклучиво со електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Таа истакна дека е за поздравување секоја иницијатива која придонесува да се смени сегашноста на подобро.

„Овој договор претставува партнерство изградено на иновација, акција и заедничка верба дека јавните институции и приватните компании можат заедно да постигнат одлични резултати. Авант кар веќе го докажа трансформативниот потенцијал на своите проекти во Љубљана, Дубровник, Загреб и Виена. Нивниот систем за споделување електрични возила значително го намали сообраќајниот метеж и го подобри квалитетот на воздухот. Нивната иновативна инфраструктура за полнење напојувана со обновлива енергија постави репер за решенија за зелена мобилност, рече Божиновска.

Нагласи дека системот за споделување на електрични возила не е само модерен начин на транспорт, туку е и доказ за нашата амбиција да се усогласи технологијата со одржливоста.

„Со вакви иницијативи испраќаме јасна порака – Македонија е земја што ја вреднува својата иднина и презема акција за да ја обезбеди. Покажуваме на приватниот сектор дека ова е место каде иновациите успеваат, а инвестициите носат трајни резултати„, потенцира Божиновска.

Вицепремиерот Меџити истакна дека Скопје мора да направи нешто за да го врати чистиот воздух, здравата животна средина и зелените перспективни, нешта што ги изгуби.

„Денеска започнуваме нешто за што се надеваме дека ќе остави почисти улици, поздрави граѓани и светла иднина за Скопје. Потпишувањето на писмото за намери претставува конкретна и видлива акција за решавање на еден од најгорливите предизвици со кои се соочуваме – загадениот воздух. Претставува можност за поздраво и поеколошко Скопје“, посочи Меџити.

Целта е, додаде, на овој начин директно да влијаеме на намалување на емисиите на јаглерод диоксид и загадувањето што е и приоритет на МЖСПП, а воедно и граѓаните да имаат можност за поекономичен транспорт.

„Како министерство, нашата задача е да ги поддржуваме ваквите иновативни решенија кои имаат директен и позитивен ефект врз животната средина. Овој проект е доказ дека е можно преку јавна поддршка и приватна иницијатива да создадеме поздрави урбани средини“, рече Меџити и додаде дека верува оти електричниот кар-шеринг ќе биде модел и за другите градови во земјава и ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж.

Kомпанијата „Авант кар“ е присутна на пазарот повеќе од 20 години и работи во Словенија, Хрватска и Австрија. Пред 12 години почна со електрична мобилност и во моментов има повеќе од 10.000 електрични возила. Со кар-шеринг започна во 2016 година во Љубљана каде сега тоа е дел од јавниот транспорт и го користат

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ