Оттаму посочуваат дека наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска и дека се во тек процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик.
На иницијатива на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, проф. д-р Кристина Николовска, како што се посочува во соопштението, Лекторатот, покрај редовната настава ќе овозможи и бесплатни онлајн часови по македонски јазик за почетно ниво за заинтересираните студенти од Универзитетот во Тирана.
Наскоро се планира и официјализирање на соработката и средба на претставници од двата универзитети во Тирана и официјално реактивирање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана.