сабота, 27 јули 2024

Од домашен притвор избега Исмет Гури, поранешен заменик директор во УЈП

Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор, не е достапен за органите на прогонот, јави ТВ Телма. Гури, како што објави телевизијата, судот го ослободил од издржување на затворската казна и времено му ја заменил со домашен притвор поради примање на редовна терапија за здравствените проблеми кои ги имал.

Објавено на

часот

Сподели

Гури беше вмешан во случај со даночни измами во кој беа вкупно 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), а се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.

Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, на 14 јули минатата година добија затворски казни од по три години и шест месеци од Основниот кривичен суд-Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал – на локалните избори во 2013 година менувале дел од записниците за гласањето во Чаир.

Гури беше истакнат активист на ДУИ, а по одделувањето на Изет Меџити се придружи на Демократско движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ