четврток, 26 декември 2024

Од денеска „замрзнати“ цени на 11 видови овошје и зеленчук

Објавено на

часот

Сподели

Со оваа одлука, граѓаните за килограм свежи домати ќе плаќаат најмногу 70 денари, за свежи краставици 75, за килограм кромид 60, за карфиол 70, за свежи зелени пиперки 90, за грав 75, за леќа 110, за банани 70, за портокали 55, за мандарини 60, а за килограм лимони до 55 денари.

Највисоките цени на производите ќе се применуваат и на зелените пазари до 30 април.

Министерот за економија Крешник Бектеши изразува уверување дека трговците целосно ќе ја почитуваат одлуката за цените на овошјето и зеленчукот. 

„Јас мислам и убеден сум дека нашите трговци ќе ги почитуваат целосно мерките и имаме искуство од последните две-три недели дека над 90 отсто се почитуваат, посебно во големите супермаркети, заради тоа што се зборува за мерка што важи 25 дена“, изјави Бектеши.

Тој истакна дека при инспекциските контроли е утврдено оти маржите за некои производи изнесувале и до 250 отсто, нагласувајќи дека владините одлуки со кои цените на повеќето прехранбени производи се ограничени може да продолжат и по април, односно мај, ако за тоа се процени дека има потреба, за да им се излезе пресрет на граѓаните и товарот од кризата да не падне само на нивен грб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ