сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција во Чаир

Од денеска „огнените“ се фракција на ДУИ, последните одлуки на партијата ги прогласија за нестатутарни и нелегитимни

Објавено на

часот

Сподели

„За жал не се почитуваат програмата и статутот на ДУИ, што го докажува и формирањето на нестатутарни тела и носењето на погрешни одлуки“, рече градоначалникот и нагласи дека фракцијата ќе биде неоспорен глас не само на електгоратот на ДУИ, туку и на сите Албанци, како одраз на разумот,, а  тоа, додаде, оваа фракција ќе го докаже.

Нема да бидеме замолчени, тоа нема да се случи, потенцира Ганиу нагласувајќи дека претставниците на фракцијата ја граделе ДУИ низ годините.

„Затоа, имаме право да кажеме дека  во ДУИ постојат двојни стандарди како во организираните дебати, така и при одлучувањето. Последниот состанок беше затворен за јавноста со однапред утврдени насоки за работа и беше исклучена можноста за наш придонес. Нашите предлозви за гласање доверба на мисистрите на партиско ниво беа одбиени. Нагласувам, органите на ДУИ не функционираат статутарно, а партиските избори кои се организираа пред една година во ограноците на ДУИ, се нестатутарни и се нелегитимни“, рече Ганиу и додаде дека политичките одлуки ги носат министрите, а партиските органи и ограноци не се тгретираат.

Ганиу рече дека јавноста треба да знае дека претставниците на фракцијата го предупредиле партискиот врв дека имаат разлики и по основ на идејата уставниот измени да бидат искористени за официјализирање на албанскиот јазик во Уставот со цел да се избрише одредницата „20 проценти“ и дека, како што рече, тоа никаде го нема во документите на ДУИ.

„Предлагтаме и дијаспората да може електронски да гласа на иззборите, а тоа е исто така можност сега да биде вградено во Изборниот законик имајќи предвид дека се формра група за изработка на законикот“, рече Ганиу.

Во врска со одлуката на Уставниот суд за укинување на законски одредби со што функционерските плати ќе можат да се зголемат за 78 отсто, Ганиу изнесе предлог:

„Да се донесе законска одредба со која функционерските плати ќе се ограничат на 500 евра“.

Изет Меџити, неформален лидер на „огнените“, пратеник и потпретседател на ДУИ, на новинарско прашање рече дека и тие поддржуваат изградба на Коридорот 8, но предупреди дека делењето функции, како таа “Груби координатор на коридорот’ претставува политичка злоупотреба. Меџити преддупреди дека ќе биде срамота ако и овој коридор биде граден како автопатот за Блаце-два километри годишно.

Тој исто така, наведувајќи бројни одлуки донесени во врвот на ДУИ, нагласи дека за влезот на Алијанса за Албанците во Владата не  било дискугтирано ниту поставено како прашање на Претседателството на ДУИ, ниту на партискиот Централен совет.

огнените-прес-изет-меџити

Половина од Претседателството на ДУИ, и 30 проценти од членството ни дава поддршка нас, како на група во ДУИ, рече Меџити.

Одговарајќи на други новинарски прашања, Меџити прецизираше дека сега беше моментот да се официјализира фракцијата и потенцира дека е нејасно зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека нема да дозволи фракции, кога, како што додаде, фракциите се европска вредноста

Одговарајќи на прашањето дали со ваков чекор може да бидат казнети и исклучени од ДУИ, градоначалникот на Сарај и еден од предводниците на огнената група, Блерим Беџети рече дека вината или казната за настанатата ситуација треба да ја сносат тие кои придонеле да дојде до разидувања во ставовите за политичкото дејствување, но особено за дејствувањето од позиција на моќ во партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ