сабота, 27 јули 2024

Од денеска на чело на Советот за човекови права на ОН е избран Мароко

Мароко денеска беше избран да го води Советот за човекови права на Обединетите нации.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Мароканскиот кандидат, амбасадорот Омар Знибер, доби 30 гласа поддршка, додека неговиот јужноафрикански противкандидат, амбасадорот Мколиси Нкоси, обезбеди 17 гласови поддршка на тајното гласање во Женева, објави Ројтерс.

Пред гласањето, Нкоси изјави за британската агенција дека Мароко е „антитеза на она за што се залага Советот“ и додаде дека изборот на Мароко ќе го поткопа кредибилитетот на телото.

Мароко, пак, ја обвини Јужна Африка и некои други африкански држави дека ги поткопуваат нејзините напори да ја добие позицијата, која е престижна, но во голема мера симболична.

„Изборот на Кралството, поддржан од голем број земји ширум светот и покрај напорите на Алжир и Јужна Африка да се спротивстават на тоа, ја покажува довербата и кредибилитетот инспирирани од надворешното делување на Мароко…“, соопшти мароканското Министерство за надворешни работи.

Гласањето беше редок јавен спор во африканската група, чиј ред беше да го води 47-члениот Совет. Таа обично се обидува да донесува одлуки како блок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ