сабота, 21 декември 2024

Од бугарскиот амбасадор Радуков беше побарано објаснување за скандалот со македонското знаме

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радуков, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, се вели во соопштението на МНР во врска со непоставувањето на македонското знаме за време на средбата на бугарскиот претседател Румен Радев со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Софија.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера.

Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна.

На средбата во МНР на амбасадорот Радуков, исто така, му беше пренесено дека Република Северна Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ