петок, 18 октомври 2024
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Од апсурдистанските правни анали

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

Еден ден Здружението на вонземјани во Апсурдистан побара да се внесат вонземјаните во преамбулата на апсурдистанскиот Устав. На тоа реагираа разни интелектуалци и здруженија, протестирајќи по разни основи: дека не може да се внесе во Уставот нешто чие постоење е спорно и недокажано, потоа, со што воопшто вонземјаните придонеле за Апсурдистан и неговата славна демократија итн. итн. Меѓутоа, Здружението на вонземјани доби поддршка од Метафизичката управа, за која беше доволна самата можност за постоење на вонземјани за тие да бидат внесени во преамбулата на апсурдистанскиот Устав, во спротивно можните вонземјани би можеле да се навредат и да ги преобразат реалните чинии полни со ќебапи во можни летечки чинии, кои, најпосле, како можни летечки чинии би можеле да завршат и по нечија глава. Реално.

Така, Уставниот суд на Апсурдистан ги уважи софистицираните правно-онтолошки препораки и аргументи на Метафизичката управа и наложи вонземјаните да бидат внесени во преамбулата на Апсурдистан како уставотворна заедница. Макар што, во кулоарите се шпекулира дека вистинската причина зад оваа одлука е стравот на апсурдистанското граѓанство дека нивните чинии со ќебапи би можеле — макар чисто теоретски, како што се вели — да одлетаат, што, секако, би било погубно за желудник… ова… за демократијата.

Меѓутоа, не се застана само на вонземјаните. Во Апсурдистан се појавија разноразни здруженија, кои бараа внесување на своите штитеници во преамбулата на апсурдистанскиот Устав: така, во него можеа да се видат змејови (со најразлични бои и со најразличен број на глави и крилја), ангели, демони, леприкони, самовили, еднорози, вештерки, вампири, личови, орки, џинови, џуџиња, твајлеци, вукија, родијани… Така, за мнозина не беше изненадување, кога најпосле „Дизни“ побара авторски права над апсурдистанскиот Устав.

Граѓанинот Шљупков, охрабрен од овие прогресивни правни тенденции, најпосле сметаше дека доспеало времето кога и тој, како граѓанин-поединец, ќе може да побара и  правна заштита во апсурдистанскиот Устав од прекумерен стрес и работа, од асиметричниот однос со деловно-корпоративните ентитети во финансиско-правните односи на негова егзистенцијална штета, од банкарскиот монопол врз неговите финансии и трансакции, од штетите нанесени од експанзијата на капиталот врз елементарните услови за живот…

Од Метафизичката управа стигна експресна препорака до Уставниот суд на Апсурдистан барањето на граѓанинот Шљупков да биде одбиено. Образложение: граѓанинот Шљупков се покажа како невозможен!

Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ