сабота, 27 јули 2024

Од 9 до 14 часо без струја ќе останат делови од Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Студеничани

Денеска од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат дел од општините Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Студеничани, соопшти ЕВН.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 9 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците на улицата Дрезденска и улицата Рузвелтова во општина Карпош.

Денеска, без електрична енергија во периодот од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата Живко Фирфов, околу „Стокомак“ во општина Кисела Вода, во периодот од 9 до 14 часот, корисниците од викендичките во селото Кучково, селото Грачани, караулата „Чашка“, дел од Волково кaj гробиштата во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 8.30 до 14.30 часот корисниците од дел од улицата 3 во Морани, зад училиштето во општина Студеничани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ