На 14 мај, недела, возот 632 на релација Гевгелија – Скопје ќе сообраќа по возен ред.
Поради изведување градежни работи при реализација на ремонт (промена на свртници) од страна на изведувачот „Штрабаг“ на пругата Велес – Гевгелија, во крст Кукуричани (свртница бр.1 и свртница бр. 4) и во станица Криволак (свртница бр. 1а, свртница бр.1 и свртница бр. 5), поради специфичноста на работите се одобрува затворање на пруга со исклучување на напонот во возниот вод во време од 9:30 до 19:00 часот, во деновите од 8 до 20 мај, вклучувајќи ја и сабота, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.