петок, 13 декември 2024

Од 55 до 90 денари, замрзнати цените на 11 видови овошје и зеленчук

Објавено на

часот

Сподели

Според одлуката на Владата, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот  55 денари.

„Ги уверувам граѓаните дека согласно сите анализи, цените, посебно на прехранбените производи и енергенсите, целосно се стабилизирани и имаат надолен тренд, на намалување иако ќе се причекаат официајлните податоци од Државниот завод за статистика кои треба да се објават на 7 април“, истакна Бектеши.

Министерот ги повика трговците да ја почитуваат владината одлуката. Анализите покажале, напомена министерот, дека за овие производи имало големи маржи кои во март достигнале дури 200 но и 250 отсто.

Тој посочи дека со ова, за 95 отсто од производите кои беа опфатени со одлуката за маржите цените се веќе замрзнати и ќе важат само за маркетите.

За тоа дека замрзнувањето на цените ќе трае само до крајот на април односно мај, Бектеши рече дека ова се краткорочни мерки кои може да бидат и продолжени.

„Зошто 25 дена? Затоа што ние сме целосно зависни од увоз, особено од Грција и од Албанија. Но од мај ќе започне пласманот на производи од домашно производство и верувам дека тогаш цените ќе се намалат за уште 30 до 40 отсто“, рече Бектеши.

За реакциите на стопанските комори за замрзнатите цени, Бектеши кажа дека тие лобираат за своите членки но дека тоа не е работа на институциите.

„Имаме добра соработка со коморите и со нив се конслутиравме речи си за сите мерки. Ова се краткорочни мерки и јас сум убеден дека ова е исправна одлука“, изјави Бектеши.

 

На новинарско прашање како ќе се контролираат пазарите, Бектеши повика да се почитува владината одлука но ако треба ќе се вклучи и Комисијата за заштита од конкуренцијата.

На истото прашање директорот на ДПИ, Горан Трајковски рече дека контроли на пазарите ќе има но во координација со полицијата и со Управата за јавни приходи (УЈП).

Трајковски информираше дека од првата одлука на владата за замрзнување на цените до денеска ДПИ извршила над 1.800 надзори и биле изречени над 20 прекршочни пријави. По оваа основа до сега се наплатени 2,5 милиони денари. Тој го повтори ставот дека имињата на прекршителите на одлуките ќе бидат објавени јавно откако ќе завршат целокупните постапки што се водат против нив.

„И натаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Никој не е над законот, тоа ќе биде така додека сум јас директор на Инспекторатот. Секој што прекршил одлука или закон ќе биде санкциониран, а казните се високи, од 800 – 10 000 евра зависно од големината на субјектите“, истакна Трајковски.

 

 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ