сабота, 19 октомври 2024

Од 20 јуни чартер летови од Скопје до Ларнака

Објавено на

часот

Сподели

Летот ќе биде дневен чартер лет, обезбедувајќи максимална удобност и уживање за патниците. Како и секоја чартер програма, по стигнување на аеродромот патниците имаат трансфер до хотелот кој го одбрале за нивна резервација.
„Возбудени сме што можеме да го пречекаме новиот чартер лет од Скопје до Ларнака. Кипар отсекогаш беше топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија“, вели Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар, од Министерство за туризам. Тој изјави дека овој нов лет ќе ја промени играта за кипарскиот туризам.

ларн
Елизабета Кочева Јосифовска, претставничка на туристичките агенции ЈК травел, Аталантис груп, ЕТЦ травел, Магелан, Ваикики травел, вели дека ова е нов развој во туристичката понуда.
„За првпат вклучивме седум ноќевања и осумдневен пакет летен одмор во висина од 588 евра по лице до Кипар со наша сопствена чартер програма. Нашиот лет ќе поаѓа еднаш неделно, почнувајќи од 20 јуни. Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар“, рече Кочева Јосифовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ