сабота, 27 јули 2024

Од 20.000 до 50.000 долари можат да добијат општините за проекти за намалување на аерозагадувањето

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Шведска и Бирото за регионален развој упатија повик до општините и центрите за развој на планските региони во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ да аплицираат на вториот повик од Фондот за техничка документација и да добијат финансиска поддршка од 20.000 или 50.000 долари. Фокусот е ставен на проекти со кои ќе се намали загаденоста на воздухот.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Предложените проекти треба да вклучуваат мерки кои што ќе ги намалат емисиите на загадувачки материи од некои од нивните клучни извори (на пр: сообраќај, системи за греење, цврст отпад) кои што се во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Поднесувањето на барањата е овозможено онлајн преку платформата apliciraj.brr.gov.mk најдоцна до 10 јуни 2024 година. Сите детали за повикот се достапни на веб страницата на УНДП“, се вели во повикот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ