„Предложените проекти треба да вклучуваат мерки кои што ќе ги намалат емисиите на загадувачки материи од некои од нивните клучни извори (на пр: сообраќај, системи за греење, цврст отпад) кои што се во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Поднесувањето на барањата е овозможено онлајн преку платформата apliciraj.brr.gov.mk најдоцна до 10 јуни 2024 година. Сите детали за повикот се достапни на веб страницата на УНДП“, се вели во повикот.