четврток, 26 декември 2024

Oд 15 декември над 670 производи со намалени цени од најмалку 10%

Oд 15 декември ќе поевтинат голем број на млечни производи, чоколади, локум, сокови, ориз, мед, замрзнат зеленчук, месо, месни преработки… вкупно 670 производи се дел од новогодишната кошница која Владата вчера ја соопшти. На интернет страната мојакошница.мк објавени се производителите и нивните производи кои ќе поевтинат, а ги има и маркетите каде ги има поевтините производи.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

Вчера премиерот Христијан Мицкоски изјави дека повеќе од 670 производи од 15 декември до 15 јануари ќе имаат намалени цени за најмалку 10 процени, а меѓу нив ќе се најдат дел од основните прехранбени производи како што се лебот, житариците, млекото и млечните производи, месото и преработките, свежи продукти, како и пијалоци.

„Со оглед на тоа што ова е акција која што доаѓа од компаниите и не е владина одлука, не се предвидени казни, односно контрола дали се намалени цените како што самите производители и дистрибутери понудиле. Државниот пазарен испекторат ќе биде на терен да утврди дали се обележани сите производи кои се на листата со намалени цени согласно со законот за потрошувачи“, изјави министерт за економија Бесар Дурмиши.

Листата не е конечна и таа може постајано да се надополнува со нови производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ