недела, 19 јануари 2025
Регулаторна комисија за енергетика

Oд 1 декември се враќа дневната евтина тарифа за струјата, објави Бислимоски

Објавено на

часот

Сподели

„Евтината дневна тарифа ќе им биде достапна на сите домаќинства од 1 декември во периодот од 13 часот до 15 часот. Водејќи се од принципот на заштита на потрошувачите, а согласно направените анализи кои укажуваат дека декември е месецот кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија, ја задолживме Електродистрибуција во овој рок да ги усогласи сите броила. Четири месеци се доволни за да се направат сите технички усогласувања со системот за пресметка и фактурирање  и соодветниот софтвер“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на трошоците на енергетските компании , РКЕ ги донесе следните одлуки:

j

„Донесените цените по блокови за период на високи дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09%, трет блок зголемување од 2,54%  и четврт блок зголемување од 2,42%. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %,  а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 % на сметките“, вели Бислимоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ