„Извршен е распит на пријавеното лице, а во тек е вештачење на неговиот мобилен телефон. Надлежниот јавен обвинител издаде и повеќе наредби до Министерството за внатрешни работи, од кои по некои сè уште се постапува. Кај пријавениот по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес. По завршување на сите дејства, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, посочија од Јавното обвинителство.
Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонија пат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.
Разрешувањето на Сашо Дранго доаѓа откога пред речиси два месеца беше објавена фотографија на која тој позира со убиена мечка.
Дранго лани во декември објави на социјалните мрежи објави фотографија со застрелана мечка иако ова диво животно е под заштита и нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането за што е предвидена и затворска казна. По реакциите на здруженијата за заштита на животните Дранго изјави дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој заедно со вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа. Дранго велеше дека за ова имало и записник во полициската станица во Битола, но од таму негираа дека има пријава.
Од Основното јавно обвинителство од Битола изјавија дека ќе отворат предмет за случајот со мечката.