сабота, 27 јули 2024

Обвинителството проверува дале е точно дека негувателка им давала да пушат електронска цигара на деца во градинка

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас, за да се проверат информациите дека негувателка во велешката детска градинка „Димче Мирчев“, им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението на ОЈО, во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање дејствија, што вклучуваат да се извршат разговори со лица, вработени и родители, кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот.

Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ