сабота, 21 декември 2024

Обвинителството покрена истрага за шверц на повеќе од 85 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинителството, осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил ауди не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања.

За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.

За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ