сабота, 27 јули 2024

Обвинителството побара притвор за 81-годишниот човек осомничен за полови дејства врз девојче

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за полови дејствија спрема деветгодишно девојче, (за други полови дејства против дете кое не наполнило 15 години) и од судот побара мерка привор.

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ