сабота, 27 јули 2024

Обвинителството отвори истрага за аналитичарката од СВР Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело – измама, според член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Претходно денеска МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против службеничката, И.М. (41) од село Буковиќ, општина Сарај.

Објавено на

часот

Сподели

„Од април 2023 година, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три лица, на кои лажно им се претставила како началник во полициска станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови.

На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација.

Парите ѝ ги давале во повеќе наврати, а при последната исплата на 12.500 евра, во близина на полициската станица, била затекната веднаш по предавањето на парите.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице во судот и одземање на патната исправа“, се вели во соопштението на обвнителството.

Претходно, утрово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја објави информацијата дека службеничката И.М., виша аналитичарка при СВР Скопје, е лишена од слобода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ