сабота, 27 јули 2024

Обвинителството отвори истрага против скопјанец кој тешко ја повредил бремената сопруга

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донел наредба за истрага за тешка телесна повреда против скопјанец кој тешко ја повредил бремената сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

„На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и ѝ го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот. Додека заедно со оштетената и нивното 2 годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште. Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал. Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото“, информира ОЈО.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство,  можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ